Дома Трансфер зона Потврдено: Кутроне се враќа во Серија А

Потврдено: Кутроне се враќа во Серија А

Италијанскиот напаѓач Патрик Кутроне, кој во летниот преоден рок се пресели од Милан во Вулверхемптон, после само шест месеци се враќа во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми потврдија дека Фиорентина постигнала договор со англискиот клуб и Кутроне вечерва треба да пристигне во Фиренца на лекарски прегледи.

Италијанецот не се избори за место во првиот тим кај „волците“, па во потрага по поголема минутажа инсистираше да се врати во Серија А.

Според договорот Кутроне пристигнува на 18-месечна позајмица, а Фиорентина ќе има обврска да го откупи за 16 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…