Норвешката ѕвезда Ерлинг Халанд (19) Ерлинг Халанд одлучи да го напушти австриски Салзбург и оваа зима потпиша договор со Борусија Дортмунд.
Германскиот гигант победи во борбата за потписот на 19 годишниот напаѓач, а за потписот на Халанд се интересираа уште неколку европски гиганти. Халанд со Борусија потпиша договор со 2024 година, но како што тврди реномираниот „Билд“ тој во својот договор има посебна клазула која може да се активира од летото 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, ако Борусија добие понуда од која Халанд ќе биде задоволен од екипи како што се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус или Барселона може да замине од клубот.
Така овој 19 годишник може за нешто повеќе од две години да ја напушти Борусија и тоа веројатно ќе се случи доколку продолжи да игра како во Салзбург. Халанд сезонава за Салзбург на 22 натпревари постигна 28 голови и запиша седум асистенции.