Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер, пренесуваат италијанските медиуми.
„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Идејата на двете страни е договорот да биде потпишан сега, а Ериксен да пристигне во Милано на лето како слободен агент.
Ситуацијата е исклучително незгодна за Тотенхем бидејќи фудбалерот има уште шест месеци од договорот, па „спарси“ сакаат да го продадат во јануари. Меѓутоа, на Интер повеќе му одговара да почека до јуни и да го донесе Данецот без обештетување, а со тоа ќе му понуди и повисока плата.
Ериксен од почетокот на сезоната игра далеку под очекуваното ниво и во последно време се почесто останува на клупата за резерви.
Неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис, но медиумите тврдат дека Интер е фаворит во трката.