Интер беше во потрага по квалитетно засиливање на крилните позиции, а италијаските медиуми пренесуваат дека Конте решението го пронашол во Манчестер Јунајтед.
Имено, прашање на време е кога капитенот на „црвените ѓаволи“ Ешли Јанг ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и веќе се договорил со „нероаѕурите“. 34-годишниот Англичанец во наредните денови треба да се пресели во Милано и ќе потпише договор на 18 месеци со Интер.
Конте смета дека Ешли Јанг идеално би се вклопил во неговата формација 3-5-2, бидејќи може да игра како лев и десен бек.
Конте прво го сакаше Марко Алонсо, но откако не успеа да го донесе Шпанецот од Челзи, тргна во Ешли Јанг и се чини дека трансферот е пред реализација.