Дома Македонски спорт Мак фудбал Пет фудбалери ја напуштија Шкендија

Пет фудбалери ја напуштија Шкендија

Шкендија ги стартуваше подготовките во Анталија каде ќе одигра четири пријателски натпревари.

Пред стартот на подготовките, актуелниот шампион и официјално се раздели со пет фудбалери. Егзон Бејтулаи, Зени Хусмани, Шефит Шефити, Јакуп Бериша и Салејдин Мустафи ја напуштија Шкендија.

Од Шкендија информираа дека одбранбениот фудбалер Бејтулаи има желба да ја продолжи кариерата во странство, а за Хусмани уште претходно се знаеше дека е на излезна врата.

Шкендија во периодот од 23 јануари до 8 февруари ќе биде на припреми во Анталија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…