Денес на „Енфилд“ се игра градското дерби на Ливерпул во ФА Купот, а „црвените“ иако со резервен тим не дозволија изненадување.
Јирген Клоп се одлучи да излезе со мешан состав и направи дури девет замени од тимот кој го играше последниот меч во Премиер лигата, но и тоа беше доволно за победа.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Натпреварот почна лошо за „црвените“, првата шанса ја имаше Евертон преку Волкот, а потоа слеуваше повреда на Џејмс Милнер.
Тимот на Анчелоти му пружи голем отпор на домаќинот, па воглавно гледавме израмнет натпревар, кој на крајот го реши блесокот на младиот Џонс.
Во 71-та минута Ориги додаде до Џонс, а овој со феноменален удар го матираше Пикфорд за водство од 1:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.