Дома Фудбал Англија На денешен ден пред една година Ливерпул последен пат изгуби во Премиер лигата

На денешен ден пред една година Ливерпул последен пат изгуби во Премиер лигата

Со победата против Шефилд (2:0) фудбалерите на Ливерпул ја продолжија низата на непобедливост во Премиер лигата на 37 натпревари и тоа е трета најуспешна низа во ова натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред Ливрпул се само Челзи со 40 и рекордерот Арсенал со 49 натпревари.

Ливерпул последен пат изгуби на 3. јануари минатата година од Манчестер Сити и од тогаш во Премиер лигата никој не се радувал против машинеријата на Клоп.

Шампионот на Европа и светот убедливо е прв после 21 коло во Премиер лигата со 13 бодови повеќе од второпласираниот Лестер и натпревар помалку. Ливерпул сигурно чекори кон титулата на која чека 30 години.

Можат ли до неа без пораз како славната генерација на Арсенал?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…