Ракометната репрезентација на Македонија го освои турнирот „Трофеј Карпати“ со победата над домаќинот Романија со резултат 24:20.
Во првото полувреме домаќините беа оние кои го диктираат темпото, а со тоа и резултатот, па на одмор заминаа со два гола предност 12:10.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првите петнаесетина минути од второто полувреме противникот постигна само четири гола, а нашите ракометари го искористија тоа за да направат пресврт за конечна победа од 20:24.
На овие тест мечеви бевме без Лазаров, Талески, Кузмановски, Манасков, Ристовски, воглавно настапија помладите кои се борат за место во конечниот список патници за континенталниот собир.
Нашиот репрезентативец Марио Танкоски е најкорисниот играч на турнирот, а Никола Митревски беше прогласен за најдобар голман.
Фото: РФМ