Дома Актуелно Најстариот стрелец на хет-трик во Ла Лига стави потпис на нов договор

Најстариот стрелец на хет-трик во Ла Лига стави потпис на нов договор

Капитенот на фудбалерите на Бетис Хоакин Санчез (38) го продолжи договорот со клубот од Севиља до 2021 година, иако е во поодминати фудбалски години.

Бетис на својата официјална страна објави: Реал Бетис не може без својот капитен, идол и легенда.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


И Хоакин е убеден дека има што да даде.

„Мислам дека сум на врвот од кариерата“, изјави Хоакин кој оваа сезона постигна шест гола.

На почетокот на декември Хоакин запиша хет-трик во натпреварот од Ла Лига и со 38 години и 140 дена стана најстариот играч на кого тоа му успеало, надминувајќи го Алфредо Ди Стефано кој во 1964 година на 37 години и 255 дена постигна три гола на еден натпревар.

„Морам да продолжам да уживам и да ги правам Бетискосите среќни. Стигнав тука пред 23 години и ќе бидам уште една“, изјави капитенот на шпансиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Газдата се караше со навивачите па им забрани доаѓање на стадионот

Сопственикот на Јеовил Таун, Мартин Хелијер, објави дека ќе се повлече од местото претседа…