Статистичарите на „Опта“ излегоа со еден интересен и изненадувачки податок.
Можете ли да погодите кој играч одиграл најмногу натпревари во последните 10 години? Одговорот е – Хозе Каљехон!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Наполи и актуелен соиграч на нашиот Елиф Елмас во изминатите 10 години одигра 351 натпревар. Зад Каљеон следи Белгиецот Еден Азар со 348 натпревари, па Меси со 343, Гризман со 338 и последен во топ 5 е Даниел Конгре со 334 натпревари.
Треба дека во предвид се земени само фудбалерите кои истрчале на теренот, натпреварите во кои биле повикани, а ги поминале сите 90 минути на клупата не се вбројуваат. Секако, во предвид се земени само играчите кои играле во најсилните пет првенства (Англија, Италија, Франција, Германија и Шпанија).