Дома Фудбал Англија Поради бизарна грешка сегашниот играч на Ливерпул не завршил во Јунајтед

Поради бизарна грешка сегашниот играч на Ливерпул не завршил во Јунајтед

Манчестер Јунајтед сакал во своите редови да го доведе сега веќе новиот фудбалер на Ливерпул, меѓутоа поради бизарна причина „црвените ѓаволи“ не тргнале во „напад“ на Такуми Минамино.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Такуми Минамино пред неколку дена беше претставен како прво засилување за Ливерпул оваа зимаа. Тој лесно можел да биде засилување на Манчестер Јунајтед ако коцките се поклопеле. Подобро кажано ако Ед Вудворд бил повеќе информиран.

Првиот човек на Манчестер Јунајтед го гледал Минамино во Салзбург и сакал да го доведе, но не знаел дека има откупна клазула од само 7.25 милиони фунти, пренесува „Goal.com“.

Вудворд дознал дека Минамино има толку ниска откупна клазула дури кога Ливерпул веќе го договорил трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пристигна понуда која би можела експресно да го „избрка“ Нико Паз од Реал Мадрид?!

Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид ова лето, но би можел експресно да замине назад во …