Алекс Окслејд Чембрлејн повторно се мачи со повреда.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Офанзивецот на Ливерпул беше стандарден во натпреварите за својот тим на Светското клупско првенство, но финалето против Фламенго во продолженијата мораше порано да го напушти.
Денес докторите на Ливерпул се огласија. Станува збор за повреда на лигаментите и повторно може да подолго време да отсуствува од терените.
Окс веќе подолго време се мачи со повредите, минатата година повеќе ја помина кај докторите откролку на тренинзите. Засега е сигурно дека ќе ги пропушти натпреварите со Лестер и Вулвс, меѓутоа прогнозите не се оптимистички.