Дома Трансфер зона Што се случува со Манџукиќ? И овој трансфер му пропадна откако пристигна во Катар!

Што се случува со Манџукиќ? И овој трансфер му пропадна откако пристигна во Катар!

Марио Манџукиќ во изминатите неколку дена престојуваше во Катар каде се чекаше да го заврши трансфер во Ал Духаил.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Хрватот требаше да потпише договор на година ипол според кој би заработувал 10.5 милиони евра, а Јувентус би добил 5.5 милиони евра оштета.

Сепак, италијанските медиуми сега пишуваат дека трансферот на 33 годишниот напаѓач пропаднал. Манџукиќ дури и ги поминал лекарските прегледи, но потоа настанал проблем поради кој Манџукиќ се вратил во Италија.

Оваа сезона не е прв пат на Манџукиќ да му пропадне трансферот истото се случи и со уште ден катарски клуб Ал Рајан. Тогаш медиумите пишуваа дека Манџукиќ се откажал кога видел во какви услови треба да тренира.

Со овој продолжува неговата агонија во Јувентус. Од кога е Маурицио Сари на клупата Манџукиќ не настапил на ниту еден официјален натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…