Голманот на Јувентус, Матија Перин може да се врати во Џенова во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Двата клуба веќе ги започнаа преговорите за трансфер на Перин во Џенова како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, со можност трансферот да стане перманентен следното лето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
27-годишниот голман оваа сезона е втор избор во Јувнтус и нема запишано ниту една минута на теренот. Во летото беше на чекор од трансфер во Спортинг Лисабон, но не ги помина лекарските прегледи.
Сега е целосно рехабилитиран од повредата, па со трансферот во Џенова сака да ја „оживее“ својата кариера.