Дома Фудбал Перин го провоцирал Роналдо, но ниту Португалецот не му останал должен 🎥

Перин го провоцирал Роналдо, но ниту Португалецот не му останал должен 🎥

Фудбалерите на Јувентус во неделата на гости ја победија Џенова со 3:1, а Кристиано Роналдо постигна два гола од пенал.

Баш како и против Барселона неколку дена претходно Роналдо два пати беше прецизен од белата точка. Мечот го обележа вербалниот дуел на Роналдо со голманот на домаќините Матија Перин при изведувањето на вториот пенал.

Пред да шутира Роналдо Перин му дофрли: Пак ќе шутираш во средина?

Но, Роналдо не му останал должен на провокацијата. Сега се појави видео кое покажува дека Роналдо при прославата на голот извикал: Каде беше Перин?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо ќе почека за новиот дом: Роковите за Крањчевиќева се поместија

Преселбата во март 2027 година веќе не е реална. Главниот проектант очекува стадионот да б…