Голманот на Џенова, Матија Перин е позитивен на „Ковид-19“.
Тимот за кој настапува Пандев бил тестиран вчера во пресрет на натпреварот против Наполи, а на тестирањето Перин бил единствениот позитивен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа вест ја потврди тренерот на Џенова Роналдо Маран на прес-конференцијата пред дуелот со Наполи. Перин според правилата нема да биде во комбинација за натпреварот и веднаш бил испратен во самоизолација.
Ќе потсетиме утрешниот натпревар од 15:00 часот помеѓу Џенова и Наполи ќе биде и средба на македонските фудбалер Елмас и Пандев.