Дома Фудбал Англија Видео: Фирмињо после продолженија му донесе светска титула на Ливерпул

Видео: Фирмињо после продолженија му донесе светска титула на Ливерпул

Европскиот шампион Ливерпул се искачи на врвот на светот откако во финалето го победи бразилски Фламенго после продолженија (1:0).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Херој за „црвените“ беше Фирмињо, кој го постигна единствениот гол во 103-та минута, за прва титула светскиот шампион на европскиот гигант.

Мечот започна со чиста шанса за Фирмињо уште во првата минута, но Бразилецот биеше над голот. Потоа следуваше период во кој Фламенго доминираше и создаде неколку одлични шанси.

Во вториот дел гледавме израмнет дуел, но подобрите шанси во главно ги имаше Ливерпул. Фирмињо ја погоди стативата, а во последната минута Мане излезе сам пред голманот, но не успеа да го матира. Судијата покажа на белата точка, но по интервенција на ВАР ја промени одлуката.

Мечот замина во продолженија и на крајот го реши токму Фирмињо, кој ги имаше најдобрите шанси за „црвените“ и му донесе титула на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …