Ливерпул за прв пат во својата историја одигра два натпревари во период од 24 часа.
„Црвените“ според распоредот имаа натпревар од Лига Купот во Бирмингем против Астон Вила во вторник, додека 22 часа подоцна во Доха ги очекува Монтереј на Светското клупско првенство. Поради ваквиот распоред, Ливерпул против Астон Вила играше со млади фудбалери до 23 години и беше поразен со 5:0. Од друга страна во Доха против Монтереј обезбедија триумф од 2:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неколкумина навивачи направи вистински подвиг и успеаа во живо да ги гледаат и двата натпревари на нивниот клуб, иако Доха и Бирмингем се одалечени 5.500 километри.
Meet the diehard Liverpool fans who watched them play twice in 22 hours, 3,329 miles apart – from a 5-0 defeat at Villa Park to a 2-1 win in Doha | @harryslavin https://t.co/3VlD7Hylnd
— MailOnline Sport (@MailSport) December 19, 2019
„Дејли Мејл“ го помина патот со навивачите на Ливерпул кој во вторникот се упатија за Бирмингем на натпреварот со Астон Вила. По завршувањето на тој натпревар преспале во хотел во Бирмингем и утрото во 7:50 наутро се качиле на авион за Доха. По локално време слетале нешто пред 15:00 часи и имале помалку од три часа да стигнат на стадионот.
На крајот стигнале на време, а веднаш по завршувањето на натпреварот, заврши и нивната авантура во која за еден ден поминаа 11.000 километри.