Синоќешното „Ел Класико“ заврши без голови и без победик, но после мечот имаше големи полемики за судењето и ВАР системот.
Од таборот на Реал Мадрид се незадоволни и сметаат дека судијата ги оштетил во две ситуации, особено после дуелот помеѓу Ленгле и Варан во казнетиот простор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ленгле невнимателно стартуваше над Варан и му остави трага на бутниот мускул, но судијата сметаше дека нема елементи за пенал, а ВАР не се огласи.
Nothing to see. Just the marks left in Varane's leg by Lenglet kicking him down in the box#ElClasico pic.twitter.com/uAfEvN4DaM
— Manahil Maryam (@queeneast16) December 18, 2019
Сепак дефанзивецот на Барселона, Ленгле смета дека немало елементи за пенал во таа ситуација и дека судијата донел исправна одлука.
„Сакав да ја удрам топката со глава и го засилив движењето на телото кон топката. Не направив прекршок врз него, ја расчистив опасноста најсилно што можев, според мене тоа не беше пенал, постои ВАР, судијата одлучи дека нема никаков прекршок за најстрога казна“, истакна Ленгле.