Дома Топ вести „Ел Калсико“ без голови: И Барса и Реал имаат за што да жалат (ФОТО+ВИДЕО)

„Ел Калсико“ без голови: И Барса и Реал имаат за што да жалат (ФОТО+ВИДЕО)

Барселона и Реал Мадрид денес го одиграа долгоочекуваното „Ел Класико“.

Во натпреварот Барселона и Реал Мадрид влегоа со по 35 бода на табелата, а посебна тензија владееше поради политичката ситуација и протестите во Каталонија. На крајот на теренот не видовме погодоци.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Натпреварот започна со прилики на двете страни. Реал Мадрид сигурно ќе се жали на две ситуации од првиот дел за кои „кралевите“ сметаат дека се оштетени. Во двете ситуации Варан беше во дуел во шеснаесетникот на Барселона, меѓутоа главниот судија на теренот и оние во ВАР собата не се огласуваа.

Кон крајот на првиот дел видовме една супер топка од Меси до Алба, меѓутоа Шпанецот за малку беше непрецизен.

Во вториот дел Меси се најде во една супер прилика, меѓутоа невобичаено за него од непсоредна близина лошо реагираше.

Герет Бејл ја погоди мрежата на Тер Штеген, меѓутоа неговиот гол беше поништен поради офсајд позиција. Велшанецот беше во регуларна позиција, но Менди кој ја додаде топката до него при примањето на топката беше за некој милиметар поблиску до голот.

После ова реми Барса и Реал ќе останат на првите две позиции со пет бода предност во однос на второпласираната Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…