Дома Топ вести Клоп го доби првото засилување: Минамино ги помина лекарските прегледи

Клоп го доби првото засилување: Минамино ги помина лекарските прегледи

Јирген Клоп веќе го обезбеди првото зимско засилување кое денес успешно ги помина лекарските прегледи во Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за 24 годишниот Јапонец, Такуми Минамино од Салцбург, кој денес ги помина лекарските прегледи, па останува уште да стави потпис на договорот.

 Јапонскиот интернациналец ќе го засили тимот од „Енфилд“  во јануари и тоа за сума од 7,25 милиони фунти.

За Ливерпул Минамино е идеално засилување од неколку причини. Прво, тој е спремен постепено да се вклопува во тимот и на почеток да биде алтернатива во нападот. Сезонава зад своето име има девет гола и 11 асистенции на 22 натпревари.

Во Австрија настапува четири години, а стигна од Серезо Осака. Во Купот на Азија прикажа и одлични настапи за Јапонија, постигна гол и во финалето против Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…