Ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане донел конечна одлука да се врати во Германија и да го облече дресот на Баерн Минхен, пренесува „Билд“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Притоа, Германецот инсистира трансферот да се реализира уште во јануарскиот преоден рок.
Во текот на целото лето Сане беше поврзуван со трансфер во Баерн, но на првиот меч во август тој се повреди и трансферот пропадна.
Крилниот фудбалер се уште се рехабилитира од повредата и се очекува наскоро да се врати на тренинзите, но веќе го известил раководството на „граѓаните“ дека не сака да потпишува нов договор и сака што побрзо да се пресели во Баерн Минхен.
23-годишниот Сане е дете на Шалке, а од 2016 година се пресели во Сити, каде се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.
„Граѓаните“ се спремни да му ја исполнат желбата и да седнат на преговарачка маса со Баварците, но за неговата слобода ќе бараат најмалку 80 милиони евра.