Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари се обрати за медиумите пред утрешниот натпревар на Јувентус во Серија А против Сампдорија.
Во таа прилика Сари го искоментира и ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на Јувентус призна дека во неговиот тим најмногу се плашеле од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Најмногу се плашевме од Реал Мадрид и ги избегнавме. Значи можеше да биде полошо, во секој случај во Лигата на шампионите нема лесни наторевари. Меѓутоа пред Лигата на шампионите има важни натпревари и сега не размислуваме за тој натпревар, тука е и преодниот рок“, изјави Сари.
Новинарите ги интересираше дали утре ќе игра Роналдо.
„Ќе видиме, се уште не сум одлучил“, одговори стратегот на италијанскиот шампион.