Дома Останати Најдобар тенисер на деценијата: Ѓоковиќ пред Надал и Федерер

Најдобар тенисер на деценијата: Ѓоковиќ пред Надал и Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е избран за тенисер на деценијата во изборот на Асоцијацијата на тениски професионалци(АТП).

Ѓоковиќ во последната декада освоил 61 титула, 15 Грен слема, четири завршни Мастерса и 29 турнири од Серија 1000.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Српскиот ас е првиот тенисер кој успеал да триумфира на сите мастерси. Популарниот Ноле во овие десет години дури пет пати годината ја завршувал како прв тенисер во светот.  

АТП во рекапитулацијата на минатите десет години констатираше дека Ѓоковиќ, Мари и Вавринка им се приклучиле на Федерер и Надал во доминацијата со светскиот тенис.

Рафа Надал во претходната деценија освоил 48 титули, од кои 13 Грен слема, 20 Мастесра, а на првата позиција на крајот на календарската година бил четири пати.

Легендарниот Роџер Федерер има победено на 42 турнира, 6 Грен слема, две титулу од завршниот Мастерс и 12 трофеи од Мастерс турнирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем

ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално…