Павел Недвед беше релативно задоволен после ждребот во осминафиналето каде што Јувентус за противник ја доби екипата на Лион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус минатата година се мачеше во двомечот со Атлетико, а оваа година барем на хартија доби полесен ривал.
„Можеше да биде и полошо. Не можеме да се жалиме, со оглед на тоа дека минатата година го извлековме Атлетико. Меѓутоа во Лигата на шампионите морате да бидете внимателни против кого и да играте“.
„Не е важно кој ни е противник, туку да бидеме во добра форма во тој момент. Не би кажал дека сме опседнати со титулата, само тоа е наша цел. Чуствуваме дека сме на исто ниво со останатите клубови кои сакаат да го освојат ова натпреварување“, изјави Недвед.