Баерн Минхен групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши со максимален учинок. Баварците во последното коло го победија Тотенхем со 3:1.
Голгетерскиот пост на овој натпревар го прекина Кингсли Коман во 14. минута, но десетина минути подоцна мораше да го напушти теренот поради нова веројатно тешка повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот фудбалер истовремено го повреди коленото и зглобот при еден обид да ја прими топката. Незгодно згазна на теренот, го истегна зглобот, а истовремено предизвика хиперкстензија на коленото.
Коман не беше во состојба да го продолжи натпреварот и теренот го напушти со помош на лекарите. Засега нема информации за карактерот на повредата, меѓутоа за жал се работи за повреда од потежок карактер.
That’s the worst injury I’ve seen all year
— Uncle Sharma (@RSharmzz) December 11, 2019
Hope it’s nothing serious for Kingsley Coman ??pic.twitter.com/9SY9pHtiNq