Дома Фудбал Наполи го претстави Гатузо: Анчелоти ми е како татко, овој тим има се што треба

Наполи го претстави Гатузо: Анчелоти ми е како татко, овој тим има се што треба

Наполи денес официјално го претстави Џенаро Гатузо.

Гатузо го наследи Карло Анчелоти кој вчера доби отказ, а на претставувањето поранешниот тренер кажа дека тој му е како татко.

„Анчелоти ми е како татко. Тој секогаш ми беше близок и ме поддржуваше. Тој е човек кој освои се, јас и понатаму морам да напредувам. Мораме да започнеме да освојуваме бодови за да се вратиме на местото кое води во Лигата на шампионите. Овој тим го има она што е потребно да заврши помеѓу најдобрите четири“.

„Јас не се плашам. Знам дека ќе работам со искусни луѓе. Се надевам дека ќе го остварам посакуваниот резултат. Следните два натпревари пред паузата мораме да ги добиеме“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доаѓа во Омиш: Олмисум пред голем европски тест

Хрватскиот футсал-клуб во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се соочи со четирикрат…