Дома Фудбал Останато Првиот човек на Ливерпул утрово поминал низ вистинска драма

Првиот човек на Ливерпул утрово поминал низ вистинска драма

Еден од сопствениците на Ливерпул, Мајк Гордон преживеал вистинска драма на аеродромот во Ливерпул утрово.

Гордон се враќал од Бостон и слетал на аеродромот Џон Ленон, но пилотот изгубил контрола и по влажната писта авионот се излизгал во тревата, пренесуваат англиските медиуми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покрај Гордон во авионот биле уште тројца луѓе, а сите поминале без повреди.

„Со Мајк се е во најдобар ред, помина без повреди. Тој сака да изрази благодарност до луѓето на аеродромот за брзата реакција“, објави портпаролот на Ливперул после инцидентот.

Се огласи и потрпаролот на аеродромот.

„Можеме да потврдиме дека утрово околу 6 часот се случи инцидент кога приватен лет со четири члена изгуби контрола“, стои во соопштението.

Инаку, Гордон е милијардер и сопственик на „Фенваз Спортс“, компанија која влезе во клубот во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тајгер Вудс пуштен од затвор, се огласи и Доналд Трамп

Познатиот голфер Тајгер Вудс е пуштен на слобода откако помина осум часа зад решетки порад…