Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат Татран Татран Прешов во меч од СЕХА лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Победа на овој дуел може да им го обезбеди првото место во групата на „црвено-црните“, што е и цел на македонскиот шампион.
„Ја исполнивме целта и се пласиравме во четвртфиналето. Нашата цел беше и да бидеме први во групата. До крајот на групната фаза имаме уште две средби и потребно е да освоиме три бода и сметам дека можеме да го направиме тоа. Во моментов тоа е нашата цел и очекувам да ја исполниме”, изјави Кокшаров.
„Знаеме дека ќе го играме нашиот последен натпревар на домашен терен во 2019. година. Целта е да одиграме најдобри и го завршиме регуларниот дел од сезоната на најдобар можен начин. Целта е да триумфираме“, изјави Димитар Димитриоски.
Фото: РК Вардар