Дома Македонски спорт Пандевци до голема победа во последна минута, Захов му „подари“ реми на Работнички

Пандевци до голема победа во последна минута, Захов му „подари“ реми на Работнички

Денес беа одиграни првите четвртфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија.

Големо внимание привлече дуелот помеѓу Шкендија и Работнички, кој заврши без победник (1:1). Шкендија поведе со голот на Жуниор уште во 8-та минута од мечот, а Работнички израмни со погодокот на Драган Стојков во 33-та минута после катастрофалната грешка на голманот Захов.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Актуелниот бранител на трофејот Академија Пандев славеше на гостувањето кај Шкупи со 1:0 и така направи голем исчекор кон полуфиналето.

Единствениот гол на мечот беше постигнат буквално во последната минута од судиското продолжение, кога Темелков го матираше голманот на домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…