Македонските селекции до 17 и до 19 години ги дознаа противниците за следните квалификации во 2020 година.
Репрезентацијата до 19 години ќе се бори за пласман на Европското првенство во 2021 година, а се наоѓа во група со Чешка, Данска и Албанија. А доколку ги поминат квалификациите, тогаш ќе играат на натпреварувањето во Романија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите до 17 години добија малку потешка група, зашто ќе треба да се пресмета со Полска, Германија и Малта, па ќе се обидат да обезбедат пласман на Евро 2021 кое ќе се игра во Кипар.
„Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Данска е фаворит, Чешка игра на домашен терен, но за нас тоа не менува премногу. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации кои ќе обезбедат место во следната фаза за Европско првенство”, изјави селекторот на У19 селекцијата, Арслани.