Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај ова лето би можел да се врати во англиската Премиер лига.
Според информациите на британски „Мирор“ екипоите на Тотенхем и Ливерпул се спремни да го доведат Депај во своите редови и за таа цел на Лион би можеле да му исплатат сума од 50 милиони фунти.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ако тој трансфер се реализира тоа ќе биде враќање на 25 годишниот офанзивец на Островот, каде имаше неуспешна авантура во Манчестер Јунајтед.
Во француската Лига 1 Депај се препороди и игра навистина во одлична форма и одново го привлече вниманието на европските гиганти. Холанѓанецот на 130 меча за Лион постигна 50 гола и запиша 42 асистенции.
Неговиот договор истекува во 2021 година, но и самиот наговести дека на крајот на сезоната ќе ја промени средината.