Дома Фудбал Гестот на Гризман од тунелот на „Ванда Метрополитано“ дополнително ќе го испровоцира Симеоне

Гестот на Гризман од тунелот на „Ванда Метрополитано“ дополнително ќе го испровоцира Симеоне

Барселона во дербито со минимални 0:1 го победи Атлетико Мадрид. Голот го постигна Меси, а Гризман за гостите го одигра целиот натпревар.

Гризман се врати на „Ванда Метрополитано“ каде во последните години беше вистински херој и љубител на Јорганџиите.

Сепак, неговото заминување во Барселона поголемиот дел од навивачите на Атлетико го сфатија како предавство и очекувано имаше “топло добредојде“.

Домашните навивачи во текот на целиот натпревар го провоцираа Французинот, а на моменти од трибините се слушаа и извици дека Гризман треба да умре.

Гризман и пред натпреварот си поигра со огнот бидејќи во тунелот на стадионот ја допре сликата на Диего Симеоне.

Гест кој сигурно нема да му се допадне на Симеоне, но и на навивачите на Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…