Во Букурешт денес се одржа ждребот за групите за престојното Европско првенство 2020.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако Македонија нема изборено пласман на Европското првенство, сепак нашата репрезентација како потенцијален учесник се најде во четвртиот шешир.Македонија во март ќе игра со Косово во полуфиналето, а потоа потенцијално финале со Грузија или Белорусија.
Ждребот ја смести Македонија во Групата Ц заедно со Холандија, Украина и Австрија, но доколку Романија обезбеди пласмнат таа автоматски ќе биде во оваа група.
Тогаш Македонија би играла во Групата Ф која е вистинска група на смртта со три поранешни и актуелниот европски шампион, Германија, Франција и Португалија.

Четврт шешир: Велс, Финска, победник во плеј-офот во А-лигата (Исланд, Бугарија, Унгарија, Романија), победник во плеј-офот во Б-лигата (БиХ, Словачка, Р. Ирска, С. Ирска), победник на Лига нација Ц (Србија, Шкотска, Норвешка, Израел), победник во Лигата на нации Д (Грузија, Македонија, Косово, Белорусија)
Секоја група ќе има два града домаќини – натпреварите од групата А ќе се играат во Рим и Баку, домаќини на групата Б ќе бидат Копенхаген и Санкт Петербург, на група Ц, Амстердам и Букурешт, на група Д, Лондон и Глазгов, на група Е, Билбао и Даблин и на група Ф, Минхен и Будимпешта.