Дома Фудбал Англија Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Унаи Емери доби отказ година и полoвина откако стана тренер на Арсенал. Привремено на клупата го наследи Фреди Љумберг. Играчката легенда на „топџиите“ ќе го води тимот против Норвич во недела, но јасно е дека тој не е трајно решение.

Раководството на Арсенал е во потрага по нов менаџер, па медиумите шпекулираат со неколку имиња. Од Шпанија доаѓа информација дека еден од главните кандидати е бившиот тренер на Валенсија, Марселињо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Марселињо доби отказ во Валенсија на почетокот на септември оваа година поради недоразбирање со раководството и моментално е без ангажман.

Наводно „топџиите“ веќе стапиле во контакт со Марселињо и ја разгледуваат можноста да го донесат на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Реал Мадрид сè уште се лутат на Франс Фудбал

Од “Франс Фудбал” се обиделе да се помират со Реал Мадрид и дури имаат испратено свои прет…