Како и што беше најавено, денес Синиша Михајловиќ одржа прес-конференција.
Mихајловиќ низ солзи им се заблагодари на сите кои беа покрај него во изминатите четири месеци од кога дозна дека боледува од леукемија.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Синиша во придружба на доктори од клиниката „Сент Орсола“ зборуваше за неговата моментална здравствена состојба.
„Четири тешки месеци се зад мене. Бев во институтот „Сент Орсола“ каде што имав хемотерапија и со својот силен карактер го поминав сето тоа. Во тие моменти потребна е голема ментална сила која ја добивав и од стручњаците на институтот. Сите беа максимално посветени кон мене, да не беа сите тие луѓе не би бил сега пред вас. И благодарам и на мојата сопруга Аријана која заедно со мене поминуваше низ тој тежок период“, изјави Михајловиќ.