Дома Топ вести Јувентус продава двајца за да му понуди „златен“ договор на Дибала

Јувентус продава двајца за да му понуди „златен“ договор на Дибала

Емре Чан и Марио Манџукиќ се на излезна врата од Јувентус и веќе се водат преговори со Борусија Дормтунд за нивна продажба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата играчи не се во плановите на Сари и „бјанконерите“ се брзаат да ја комплетираат нивната продажба бидејќи со тоа сакат да го финансираат новиот договор на Пауло Дибала.

Аргентинецот минатото лето беше на излезна врата од клубот, но оваа сезона се претвори во прва ѕвезда на тимот, па сега е ред на него да поставува услови.

Дибала има договор со Јувентус до 2022 година, но Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да испратат понуда на лето за неговиот потпис.

Поради тоа Јувентус сака што е можно побрзо да започне преговори за нов договор, со кој Аргентинецот ќе добие значително зголемување на платата. Дибала во моментов заработува 7 милиони евра по сезона, а сега бара двојно повеќе за да потпише нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…