Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар без да победи ја зголеми предноста, Струга ја изненади Шкендија

Вардар без да победи ја зголеми предноста, Струга ја изненади Шкендија

Денеска се одигра и 16. коло во Првата македонска фудбалска лига, а најголемото изненадување го направи Струга ТЛ која ја победи Шкендија со 2:1.

Вардар пропушти голема шанса да стигне до есенската круна на две кола пред крајот на полусезоната, откако одигра реми во Кратово против Силекс (2:2).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Црвено-црните“ имаа предност од 2:1 до четири минути пред крајот со головите на Тошевски и Цветаноски, но Силекс во 86-та минута преку Костовски стигна до реми.

Сепак, Вардар ја зголеми предноста пред Шкендија која беше поразена на гостувањето во Струга (2:1), но и пред Акандемија Пандев која беше поразена од Шкупи (3:1)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…