Фудбалскиот сојуз на Шпанија пред неколку дена ја изненади јавноста со одлуката да го отпушти Роберто Морено и на селекторското место да го врати Луис Енрике.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Морено пред неколку месеци ја презема Шпанија од Енрике кој си замина поради приватни проблеми. Откако Шпанците се пласираа на ЕП изненадувачки сојузот го врати Енрике, а Морено доби отказ и не остана во неговиот стручен штаб.
Денес Енрике на својата прва пресконференција „распали“ по својот поранешен соработник и изјави дека не му требаат луѓе како него.
„Одлуката тој да не биде во мојот тим е само моја. Едноставно не беше лојален, ми кажа дека ќе биде селектор до ЕП, а потоа ќе се врати како мој помошник. Не ми се потребни луѓе како него во мојот стручен штаб. Не е добро да си премногу амбициозен“, изјави Луис Енрике.
Наместо Морено како прв помошник беше ангажиран Хесус Касас, кој ќе му помага на Енрике на ЕУРО 2020.