Дома Топ вести Жоао Феликс го победи Санчо: Тој е „Златно момче“ за 2019 година

Жоао Феликс го победи Санчо: Тој е „Златно момче“ за 2019 година

Младата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс ја доби наградата „Златно момче“ за 2019 година за најдобар фудбалер до 21 годишна возраст во Европа.

Феликс доби најголем број  на гласови од новинарите од најеминентните спортски весници од Европа, па ќе ја добие наградата која ја организира италијански „Тутоспорт“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Така Феликс стана вториот Португалец со такво признание после Ренато Санчез, кој беше избран за „Златно момче“ во 2016 година.

20-годишниот офанзивец ја заслужи оваа награда со своите партии во дресот на Бенфика минатата сезона, каде на 43 меча постигна 20 гола и 11 асистенции, а потоа се пресели во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра.

Феликс во трката го победи играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и ѕвездата на Леверкузен, Кај Хавертц. Минатата година наградата ја доби Матијас де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Динамо во проблеми: Се повреди и Адеми

Македонскиот фудбалер, Аријан Адеми нема да биде во можност да му помогне на Динамо Загреб…