Челниците на Манчестер Сити планираат да го наградат Рахим Стерлинг со нов договор, пренесуваат странските медиуми.
Англискиот фудбалер постојано прикажува одлични игри во дресот на Манчестер Сити, а од „Етихад“ даваат се од себе за да го задржат во своите редови и веќе подготвуваат нов, подобар договор за него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите од Островот тврдат дека доколку двете страни постигнат договор, Стерлинг би заработувал 350.000 фунти неделно и би бил најплатен играч во клупската историја.
„Преговорите меѓу Стерлинг и Манчестер Сити за нов долгорочен договор веќе започнаа“ – се наведува во извештаите на медиумите.
Оваа сезона, Стерлинг постигна 7 голови на 13 натпревари во ПЛ. Пред да дојде на „Етихад“ играше за Ливерпул.