Фудбалскиот свет остана изненаден после последната објава на Златан Ибрахимовиќ, а денес работите станаа појасни.
Прославениот фудбалер вчера објави фотографија од дресот на шведскиот тим Хамарби. На дресот се наоѓаше и неговото презиме, па јавноста се прашуваше дали ова значи дека Ибрахимовиќ изненадувачки ќе потпише за овој клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што објаснува Хамарби во официјалното соопштение, Ибрахимовиќ купил половина од акциите на АЕГ Шведска, од компанија што ја поседува целосната сопственост на Хамарби. Операцијата е олеснета со фактот дека компанијата покрај АЕГ е исто така сопственик на ЛА Галакси, американскиот клуб каде што Ибра играше минатата година.
Претседателот на Хамарби, Ричард фон Јкскул го поздрави пристигнувањето на Ибрахимовиќ во неговиот нов клуб и зборуваше за можна техничка и комерцијална соработка со шведски напаѓач.
„Тоа е нова работа за нас, но секако возбудлива. Имавме силен развој во последните години, следната сезона ќе играме во Европа. Пристигнувањето во клубот на човек како Ибрахимовиќ, со победничката страст и менталитет што тој го претставува, е вистинската работа. Премногу е рано да се каже како ќе придонесе, но имаме јасна соработка“.
Zlatan Ibrahimović investerar i AEG Sweden och blir delägare i Hammarby Fotboll AB. Läs mer här: https://t.co/JmFKS5dYuW@Ibra_official #Bajen pic.twitter.com/e1nyew3oaS
— Hammarby Fotboll (@Hammarbyfotboll) November 27, 2019