Во понеделник ќе дознаеме кој ќе го наследи Лука Модриќ и ќе ја освои Златната топка за 2019 година.
Каталонскиот „Мундо Депортиво“ ја „расипа“ церемонијата на „Франс Фудбал“ и денес го објави името на добитникот на „Златната топка“. Тие тврдат дека францускиот весник веќе го информирал добитникот, а тоа е Лионел Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новинарот на „Мундо Депортиво“, Франческ Агилар исто така објави дека „потврдено“ е дека Меси ќе биде добитник на „Златната Топка“ и дека организаторот е во проблем бидејќи Кристиано Роналдо одбива да присутствува на церемонијата.
Португалецот веќе знае дека нема да биде добитник на наградата, но уште повеќе е разочаран бидејќи тој дозна дека ќе биде на третата позиција бидејќи второто место ќе му припадне на Ван Дајк кој имаше одлична сезона во дресот на Ливерпул.