Дома Фудбал Сити започна преговори со Стерлинг за нов договор

Сити започна преговори со Стерлинг за нов договор

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг се очекува во следниот период да потпише нов договор со „граѓаните“.

Раководството на клубот се одлучило да му го продолжи договорот на фудбалерот кој има феноменален старт на сезоната по се посилниот интерес од страна на Реал Мадрид и Барселона.

Стерлинг пред само една година потпиша договор со „граѓаните“ вреден 300 илјади фунти неделно, но сега раководството веќе започнало преговори за нов договор.

Сити е спремен да го направи најплетен фудбалер во Премиер лигата и да го „блиндира“ Стерлинг до 2023 година, а тоа се должи на големиот интерес на Реал Мадрид за играчот.

Стерлинг на 17 одиграни натпревари за Сити оваа сезона постигна 14 голови и забележа пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…