Се погласи се шпекулациите дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Мбапе и дека „кралевите“ се спремни да го соборат светскиот трансфер рекорд за неговиот потпис.
Поради тоа ПСЖ сака што побрзо да му предложи нов договор и да го направи Мбапе најплатен фудбалер на светот, пренесуваат француските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леонардо веќе ги започнал преговорите со неговото семејство и со неговиот агент. ПСЖ покрај високата плата е спремен да му вети на Килијан дека ќе биде најважен играч и центар на нивниот проект.
Во моментов тоа е Нејмар, но „светците“ се спремни да го продадат Бразилецот на лето, а сите пари ќе ги вложат во иднината на Мбапе.
Имено, ПСЖ се надева дека ќе добие 200 милиони евра за Нејмар, а на Мбапе сака да му понуди 5-годишен договор тежок 40 милиони евра по сезона. Со тоа младиот Французин ќе стане најплатен фудбалер на светот и за неколку милиони ќе го претекне Лео Меси.
Мбапе има договор до 2022 година, па поради тоа ПСЖ сака следното лето да ја заврши целата операција, бидејќи не сака да ризикува играчот да влези во последната година од договорот.
Од друга страна Реал не попушта, Перез сака по секоја цена да го донесе Французинот во Мадрид и нема да жали пари за тоа.