Синиша Михајловиќ вчера беше пуштен од болницата после третиот циклус од хемотерапијата, а веќе денес се појави во тренинг центарот на Болоња.
Михајловиќ последен пат беше со својата екипа уште на мечот со Јувентус, а денес дојде да го води тренингот во тренинг кампот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Шефот се врати каде што припаѓа“, објавија од Болоња на Твитер.
Михајловиќ во наредните два-три дена ќе биде со тимот, но тешко дека во недела на мечот против Парма ќе биде стадионот. Сепак, медиумите пренесуваат дека Србинот е спремен во иднина да им се врати на секојдневните обврски.
THE BOSS IS ? WHERE HE BELONGS ❤️??#WeAreOne pic.twitter.com/XEg3K5GRBZ
— Bologna FC 1909 (@BolognaFC1909en) November 21, 2019