Дома Македонски спорт Мак фудбал Пандев: Сега не чека март и Косово – да ја израдуваме публиката!

Пандев: Сега не чека март и Косово – да ја израдуваме публиката!

Репрезентацијата на Македонија вчера го совлада Израел и така со триумф ги заврши квалифкациите.

Селекцијата на Македонија одигра еден добар натпревар, а натпреварот го реши Бобан Николов со голот пред крајот на првото полувреме. Со нашата победа и благодарение на триумфот на Полска над Словачка ние завршивме како трети во групата што е најдобар пласман во едни квалификации.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После натпреварот капитенот Горан Пандев истакна задоволство и ја најави Лигата на Нации и натпреварот со Косово кој ќе се игра во март.

„Одигравме еден одличен циклус. Во нашата група фаворити беа Полска и Австрија и ако сакаш да бидеш на една од првите две позиции мора да ги победиш, ние два пати изгубивме и тука ни се намалија шансите“.

„Сега не очекува март и натпреварот со Косово. Оваа генерација навистина заслужува да игра на едно големо натпреварување. Прво дај боже сите да бидеме здрави, да сме комплетни. Знаеме дека имаме голема поддршка од публиката, тие ќе бидат наш дванесетти играч, од нас зависи се. Имаме големи шанси да бидеме подобри од Косов, но фудбал е, никогаш не се знае“, изјави капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…