Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми 40 милиони за дефанзивецот на Фиорентина

Манчестер Јунајтед спреми 40 милиони за дефанзивецот на Фиорентина

Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ игра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Солскјер е во потрага по дефанзивец бидејќи на крајот на сезоната готово сигурно заминуваат Баи и Рохо, па е спремен да понуди 40 милиони евра за Србинот.

Миленковиќ се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па прашање е дали оваа сума ќе ги задоволи апетитите на Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…