Јувентус се вклучи во трката за потписот на десниот бек на Наполи, Елсејд Хисај, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Албанскиот репрезентативец не ја крие желбата да го напушти Наполи и веќе неколку клуба ширум Европа се спреми да испратат понуда за негововиот потпис.
Сега во трката за 25-годишниот Албанец сериозно се вклучи и актуелниот италијански шампион.
Тренерот Маурицио Сари одлично го познава Хисај од времето кога двајцата заедно работеа во Наполи и сака повторно да го има во својот тим.
Јувентус во Хисај гледа идеален наследник на Матија де Шиљо, кој најверојатно ќе се пресели во Пари Сент Жермен.