Германските медиуми од ден во ден шпекулираат за тоа кој би можел да го замени Нико Ковач на клупата на Баерн.
Како потенцијални кандидати констатно се споменуваат имињата на Арсен Венгер, Томас Тухел, Жозе Мурињо…Сепак изгледа најголема желба на сите во клубот е враќање на Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Низ медиумите во Германија може да се прочита дека Гвардиола се уште е во одлични односи со луѓето во Минхен, како и дека се уште го поседува станот во Минхен.
Најавата на „Билд“ дека Гвардиола може да се врати ја прокоментира и легендарниот фудбалер на овој клуб, Лотар Матеус. Според Матеус за Баерн нема подобро решение од Гвардиола.
„Ако Баерн сака да гради игра со посед на топка, тогаш за нив нема подобро решение од Гвардиола. Доколку успеат да го вратат тоа би било вистинска победа како за Баерн, така и за Бундес лигата“, изјави Матеус.
Во овој момент како најголем проблем за враќањето на Пеп е неговиот договор со Манчестер Сити кој има важност до 2021 година.